вторник, 22 октомври 2024

Најмалку шест лица загинаа во тропската бура Берил во Тексас (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа во тропската бура Берил во југоисточниот дел на американската сојузна држава Тексас, без струја останаа 2,7 милиони потрошувачи, соопштија локалните власти.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот на Тексас, Ден Патрик изјави дека 10 далноводи се во прекин и дека ќе бидат потребни неколку дена за обновување на снабдувањето со електрична енергија, пренесува Еј-би-си.

Надлежните ги повикаа граѓаните да останат во своите домови и да не излегуваат надвор доколку не е потребно. Бурата Берил се пресели на североисток и почна да слабее.

Во округот Харис, во кој спаѓа Хјустон, спасувачките екипи имале 47 спасувачки акции.

Авиокомпаниите вчера откажаа повеќе од 1.300 летови поради невремето, официјалните лица наредија помал број евакуации во крајбрежните градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ