понеделник, 21 октомври 2024

Најлоша еколошка катастрофа во историјата на Данска: се лизга земјиште со тони ѓубре

Луѓето во данското село Олст живеат во страв дека нивните домови ќе ги затрупа загадена земја во една од најголемите еколошки катастрофи во историјата на Данска, пишува Гардијан.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Земјата полека се лизга кон Олст, село со 400 жители јужно од Рандерс во Јутланд, откако тлото почнало да се движи од блиска депонија со која управува Нордик вејст. Поради лизгањето на земјиштето се урнале зградите на депонијата.

Се верува дека најмалку 2 милиони тони контаминирано тло се движи дневно по два метри. Претходно земјата се лизгала по 9 метри на ден. Се стравува дека контаминираната земја би можела да ја загади локалната река Алинг А.

Во извештајот на Геолошкиот завод на Данска и Гренланд (ГЕУС) за лизгањето на земјиштето, што предизвика гнев низ Данска, е утврдено дека одронот е предизвикан од човечки, а не природни активности. Во земјата има отпад и од Норвешка.

Се очекува трошоците на чистењето да достигнат 205 милиони дански круни (околу 27,5 милиони евра) во текот на следните шест месеци а на крајот би можеле да достигнат неколку милијарди.

Нордик вејст, чиј слоган е „Ѝ даваме на Земјата нов живот“, минатата година прогласи банкрот. „За жал, лизгањето на земјата достигна такви размери што ние како компанија не сме во состојба да ја преземеме борбата со него“, соопшти компанијата.

Во Данска се шпекулирало дека одронот го предизвикале неодамнешните силно дождови. Меѓутоа, Кристијан Свеневиг, виш истражувач на ГЕУС и еден од авторите на извештајот за катастрофата, вели дека се најдени докази за лизгањето кои датираат од 2021. Вели дека лизгањето сè повеќе растело, а дека минатиот месец станало јасно дека ќе следи проблем.

„Она што го заклучивме е дека тоа не е природен феномен, тоа е феномен кој го создал човекот и дека климатските промени не се виновни. Всушност загаденото тло почнало да лизга и тоа се случило во релативно сушните години 2021 и 2022. Природните лизгања на земјиште не настануваат за време на сушни периоди“, кажа Свеневиг.

Иако најнепосредната опасност е ублажена, милиони тони загадено тло сè уште се во движење и не е сигурно колку брзо се движи и колку далеку ќе стигне. Данскиот министер за животна средина Магнус Хеунике кажа дека катастрофата е сè уште во „актуелна фаза“.

Свеневиг за Гардијан кажа дека изработка на компјутерски модел на тлото би помогнала подобро да се ограничи неговата идна траекторија и оваа катастрофа да престане да се развива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ