сабота, 19 октомври 2024

Најавеното невреме пристигна во Хрватска, во Риека паднати дрвја, гром запали кров (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На поширокото подрачје на Риека бурниот ветер создава проблеми во сообраќајот, а во Загреб и околината утринава врне дожд пропратено со грмежи, јавува Индекс.

Како што соопшти Дирекцијата за цивилна заштита, во областа Риека пристигнале повеќе пријави од граѓани дека паднале повеќе дрвја.

Побарана е интервенција на пожарникарите и во Малинска на Крк поради навлегување вода во објект.

Поради обилните врнежи од вчера поплавени се и улиците во Опатија.

Невремето со грмотевици се движи од запад кон исток, објавија метеоролозите, а во Хрватска денеска е на сила портокалов метеоаларм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ