четврток, 18 јули 2024

Нада Пешева е добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека прашањето за видливоста на жените авторки и ре-испитување на позицијата на жената во светската уметничка сцена, е дел од новите политики и тенденци и во современата светска ликовна критика и теорија, а прашањето за учеството на жената како авторка во совремната ликовна сцена е предмет на интерес и кај нас особено во периодот по 90тите.

Оттука, истражувањето се фокусира на женското учество во современата уметничка сцена, со посебен осврт на квалитетот и квантитетот на културните политки во стимулирање на учеството на жените во современата ликовната/визуелната уметност во Македонија во периодот на 1990-тите години, но и степенот на инклузивност на родови теми во рецентната уметничката продукција.

Истражувањето ќе се осврне на референтни изложби и кураторски проекти кои застапуваат, поттикнуваат и промовираат еднаква презентација на жени авторки реализирани преку програмските активности на националните установи и независната културна сцена, но и вклучување на дела од женски авторки во колекциите на установите, во објавените публикации и слично“, се вели во информацијата за медиумите.

Нада Пешева (1976, Скопје) дипломирала на катедрата на Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (2000). Магистрирала на тема  Културна политика и менаџмент на Универзитетот на уметности во Белград, Србија (2013).  Во моментот е докторант на катедрата за Културолошки студии на   Институт за македонска литература, УКИМ. Во потесен интерес на нејзината работа влегуваат ликовната теорија и критика, културниот менаџмент и политика, културниот туризам, културните индустрии и родовите прашања во културата. Учествувала на повеќе локални и меѓународни конференции, дебати и симпозиуми  во земјата и странство и објавувала трудови во повеќе научни списанија и публикации. Во моменов е вработена во Агенција за промоција и подршка на туризмот. Член е на Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“, а била и член на Управниот одбор на здружението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ