четврток, 18 јули 2024
Од Агенцијата за финансиска поддршка

Над 4.030 производители на градинарски култури добија финансиска поддршка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети.

Објавено на

часот

Сподели

За околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и кои оствареното производство го имаат предадено во преработувачки капацитет во период од 26 декември 2022 година – 25 декември 2023 година.

„Висината на финансиската поддршка, пак по корисник, изнесува три денари за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на финансислата поддршка изнесува пет денари за предадените колични во период мај – јуни 2023 година и ноември – декември 2023 година“, се наведува во соопштението од МЗШВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ