четврток, 25 јули 2024
Уште еден скандалозен потег на фондацијата Македонија

Над 2.000 деца од Македонија ќе добијат тетратки со ликови на бугарски владетели

Над 2.000 деца во Штип, Велес и Скопје ќе добијат тетратки со ликови на бугарски владетели од бугарската фондација Македонија, соопшти вчера на прес конференција претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов. Како што кажа тој, донацијата е вредна 3.000 лева и е обезбедена од фондацијата „Жени и Александар Дрводелски“. На предните корици на тетратките се претставени ликовите на бугарските владетели Кан Аспарух, царевите Симеон и Калојан и други, а на задната страна се и нивните кратки биографии.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според Стојанов донацијата од 2.600 вакви тетратки е симболична, но мошне важна донација.

„Овие тетратки се исклучително важни бидејќи ќе предизвикаат интерес кај децата во Северна Македонија за нашата заедничка историја. Тоа е бугарска историја, но за нив тоа е вообичаено. Фондацијата Македонија утврдила дека децата кои живеат во Западен Балкан и се Бугари по потекло немаат можност организирано и систематски да ја изчуваат бугарската историја дури и ако имаат сличен интерес. Ова се случува затоа што во образовните системи на Србија, Албанија, Северна Македонија, Косово не е планирано и не се планира да се изучува бугарската историја“, изјави Стојанов.

Ова не е прва ваква провокација на фондацијата Македонија на чие чело е Стојанов. Во јануари годинава тој испрати таблети и тетратки исто така наменети за македонски ученици.

Лани во октомври на Виктор Стојанов му беше продолжена 15 месечената забрана за влез во Македонија на неодредено време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ