Најавени се и „гастро активности“ во чии рамки Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, ќе понудат мени со локални производи карактеристични за овој период, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност ќе демонстрира зошто си ја сака татковината.
„Вкуси ја традицијата“ ќе има и детско катче со едукативни анимации, „предавања“ за биодиверзитетот и за автохтоните семиња, а ќе се замеси и „лепчето на баба“.
На манифестацијата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка и Slow Food Macedonia, со поддршка од GIZ.
„Посетителите ќе можат на едно место да ги видат големиот број успешни приказни релизирани со подршката што ја даваме за малите производители, младите земјоделци и жените земјоделки“, наведува МЗШВ.