понеделник, 21 октомври 2024

Националниот ден на Унгарците одбележан во општина Кисела Вода

Со манифестација во Домот на култура во Драчево денеска беше одбележан Националниот ден на Унгарците – 15 Март, во присуство на унгарскиот амбасадор во државава Андраш Клајн, претставници на Здружението на Унгарците Теледом и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во знак на благодарност за соработката на градоначалникот Ѓорѓиевски му беше додела плакета Пријател на Теледом од Здружението на Унгарците.

„Со длабока почит, заедно со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн, го одбележавме нивниот национален ден. Со пригодна свеченост и поклон пред спомен плочата на Шандор Петефи, кој е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година уште еднаш покажавме колку е силно пријателството помеѓу Кисела Вода и Република Унгарија. Блискоста помеѓу нашите два народи се огледува преку споделувањето на значајните моменти – оние кои ни се важни и означуваат нешто големо за нас, за нашата заедница, за нашата нација, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски“, пренесува општинската прес-служба.

Како што посочи Ѓорѓиевски, соработката ќе продолжи преку реализација на уште повеќе проекти.

По повод 15 Март и годинава во основните училишта беше распишан литературен на тема Животот и делото на Шандор Петефи, поетот на револуцијата во 1848-1849 година и Историјата на унгарската света круна, како и ликовен конкурс: Унгарија на слика како јас ја замислувам.

На денешниот настан беа доделени благодарници на учениците кои победија на овој конкурс и за кои Амбасадата на Република Унгарија во Македонија обезбеди награди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ