вторник, 22 октомври 2024

Начо не го послуша Анчелоти, дефанзивецот ги одбра милионите од Саудиска Арабија

Неколку извори пренесуваат дека Начо e на чекор до преселба во Саудиска Арабија, дефанзивецот на Реал Мадрид има предлог од Ал Итихад за двегодишна соработка вредна 40 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

По триумфот на Вембли во финалето во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти го повика Начо да стави потпис на нов договор и му порача: „Луд си, или што е работава?“

Но сега е јасно зошто дефанзивецот толку многу се мислел, на негова адреса пристигнала богата понуда од Саудиска Арабија.

Неколку извори пренесуваат дека Шпанецот на маса има предлог од Ал Итихад за двегодишна соработка вредена 40 милиони евра, односно плата од 20 милиони евра по сезона и ќе одбере нова авантура.

Начо во моментов во Реал Мадрид заработува околу 5,5 милиони евра по сезона, што е речиси четири пати помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ