вторник, 22 октомври 2024
По катастрофалните поплави

Началникот на Армијата отиде во Словенија да ги посети нашите војници и да им искаже признание

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, генералот Ѓурчиновски на нашите армиски припадници им порачал дека со несебичниот и безрезервен ангажман во вакви критични ситуации тие ја претставуваат во најдобро светло не само Армијата туку  и татковината.

Тој го истакнали значењето на партнерството и солидарноста помеѓу двете Армии кои се резултат на одличните меѓусебни релации, но и на  сојузништвото во рамки на НАТО, преку чиј механизам за помош и подршка при кризни ситуации беше спроведен ангажманот на нашите припадници.

е

Генералот Главаш, во своето обраќање исто така изразил признание и благодарност за ангажирањето и извршените работни задачи, кое претходно беше искажано и при поставувањето на мостот во Межица.

Во посета на македонските војници, заедно со началникот на Генералштабот биле амбасадорот  Горан Милевски и командантот на командата за операции, бригаден генерал, Бесник Емини,

За време на престојот во Межица, биле посетени дел од местата каде во досегашниот период се ангажираа нашите армиски припадници.

с

На денешната средба било соопштено дека за два дена македонскиот контингент ќе се врати во  Македонија, благодарејќи на експедитивноста и исполнување на сите задачи согласно Планот за ангажирање на земјата домаќин за санација на најкритичните места и места од витално значење.

Сто припадници на македонската Армијата се ангажирани во помош во справувањето со последиците од поплавите во Словенија во Межица, Чрна на Корошкем, Жерјав и Превалје, при што извршуваат повеќе задачи во расчистување на наноси од поплавите во витални објекти, спортски игралишта, улици, дом на културата, приватни сместувачки капацитети, но и при поставувањето на мостови.

д

За периодот на нивниот ангажман кон нив беа изразени пофални зборови од военото раководство на словенечката Армија но и од страна на министерката за информатичко општество Емилија Стојменова Дух, која е Македонка.

Во армискиот состав се припадници од повеќе потчинети единици од командата за операции и логистичката база, меѓу кои најголем број од вториот пешадиски баталјон и извидувачко разузнувачкиот баталјон, но и специјалистички тимови од инженерци за ракување со инженериски машини, лекари и болничари, припадници од единицата за АБХО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ