„Бидејќи овој регион е во заштитено подрачје во предвид се земени и забелешките на УНЕСКО. Делот од автопатот на трасата Требеништа-Струга-Ќафасан е повлечена надесно и таму нема археолошки наоѓалишта“, рече Груби прашан за реакциите на јавноста дека Македонија е напластена земја на која под секое камче може да се крие архолошко наоѓалиште.
Груби немаше одговор на прашањето ако е точно тоа што го тврди тогаш зошто беше повлечен предлог-законот за измени на Законот за културно наследство.
Јавноста се крена на нозе кога група пратеници предложи меѓу другото инженерот што ќе го врши надзорот на изградбата на автопатиштата да биде одговорен и во случај ако на некое место биде откриено археолошко наоѓалиште. Реагираа археолозите, невладините организации, опозициските пратеници.
Откако Македонското археолошко друштво организираше протест, пратениците го повлекоа од процедура предло-законот за измени на Законот за заштита на културно наследство.