недела, 24 ноември 2024

На Столтенберг ќе му биде понудено да остане на чело на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е донесена затоа што воената алијанса не успева да се договори за неговиот наследник во пресрет на самитот во средината на јули во Литванија, пренесуваат медиумите.

Столтенберг, Норвежанецот кој помина девет години на функцијата и треба да се повлече на крајот на септември, има широка поддршка во алијансата и продолжува да биде ефективен лидер, изјави изворот за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

„Администрацијата на Бајден ја разгледува можноста Столтенберг да остане уште една година“, рече американскиот функционер, кој исто така сакаше да остане анонимен.

Изгледите од Столтенберг да биде побарано да го продолжи својот мандат по четврти пат се зголемија како што се приближува самитот во Вилнус, а сојузниците стравуваат од прикажување на неединство додека НАТО продолжува да реагира на руската војна во Украина, пишуваат медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ