вторник, 22 октомври 2024

На Руте за шеф на НАТО му фали само поддршка од Романија

Унгарија и Словачка ја поддржаа вчера кандидатурата на Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО, што е важен чекор за поранешниот холандски премиер на неговиот пат да ја добие таа функција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

НАТО ги носи одлуките со консензус, па на секој кандидат му е потребна поддршка од сите 32 сојузници. Само Романија, чиј претседател Клаус Јоханис ја сака истата функција, и понатаму се противи на кандидатурата на Руте, пишува Ројтерс.

Поддршката од Унгарија следеше по состанокот на премиерот Виктор Орбан со актуелниот генерален секретар на западниот воен пакт Јенс Столтенберг минатата недела, кога двете страни се договорија за тоа Унгарија да не ги блокира одлуките на НАТО за поддршка на Украина, но договорено е Будимпешта да не учествува во таа помош.

„Марк Руте потврди дека целосно го поддржува овој договор и дека ќе продолжи да го прави тоа ако стане нов шеф на НАТО“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

„Со тоа ветување, Унгарија е спремна да ја поддржи кандидатурата на Руте за генерален секретар на НАТО“.

Новиот шеф на НАТО ќе се соочи со предизвикот на одржување на поддршката за Украина, истовремено внимавајќи да спречи ескалација која може да ја вовлече Алијансата во директна војна со Москва.

Орбан претходно беше против кандидатурата на Руте бидејќи изразуваше проблематични ставови вклучувајќи ја идејата дека Унгарија треба да ја напушти Европската Унија.

Унгарија не се согласува со другите членки на НАТО кои ѝ замеруваат за тоа што одржува врски со Русија и поради одбивањето на Орбан да испраќа оружје на Киев, а шефот на унгарската дипломатија минатиот месец плановите за помош на Украина ги опиша како „лудачка мисија“.

Турција и Словачка исто така го сменија ставот за кандидатурата на Руте, а Турција на крајот на април соопшти дека ќе го поддржи, додека Словачка својата поддршка ја објави вчера.

Словачка, која граничи со Украина, ја истакна потребата новиот шеф на НАТО да помогне во постигнување договор за заштита на воздушниот простор на Словачка, кажа претседателот на таа земја Петер Пелегрини, откако претходната словачка влада ѝ донираше ПВО системи С-300, а сојузниците ги повлекоа системите патриот кои таму беа позиционирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ