среда, 5 февруари 2025

На пописот во Косово, пријавени 9.140 припадници на македонската горанска заедница

Според резултатите од пописот, спроведен годинава, во Косово живеат 9.140 припадници на македонската горанска заедница, со Уставот признати како етничка заедница – Горани.

Објавено на

часот

Сподели

Според табелата на конечни резултати, во однос на етничката припадност, објавена од Агенцијата за статистика, од вкупниот број најголем процент или 7828 се во општина Драгаш, која територијално припаѓа областа Гора. Значителен број Горанци или 565 живеат во Призрен, 192 во Пеќ, 188 во Приштина, 104 во Северна Митровица, по 52 во Урошевац и Грачаница, а ги има и во други градови од по 10 до 37.

Од вкупно 1.585.566 попишано население, Горанците учествуваат со 0,58 отсто. Најбројни се Албанци или 1.454.963, Срби 36.652, Бошњаци 26.841, Турци 19.419, Ашкали 16.207, Египќани 10.581, Роми 8.730, други 2.051, додека одбиле да се произнесат 982 лица.

Како дел од областа Гора на Косово се 19 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои зборуваат македонски јазик, на албанска територија има 10 села, додека на македонска територија две, Јеловјане и Урвич.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ