сабота, 20 јули 2024

На Полјаците им е доста од украинските бегалци

Повеќе од две години од почетокот на конфликтот во Украина, граѓаните на Полска се помалку наклонети на украинските бегалци во сите области, со исклучок на примање на украинските деца во полските училишта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За тоа сведочи истражување на универзитетот во Варшава и Економско-хуманистичката академија во Варшава, пренесува Европска правда повикувајќи се на полскиот портал Жечпосполита.

Според истражувањето, само 31 отсто од анкетираните сметаат дека Полска мора да ѝ помогне на Украина (во јануари 2023 тоа го мислеле 62 отсто од Полјаците), 43 отсто „радо би помогнале“, а против се 19 отсто.

Истражувањето покажало дека 72 отсто од анкетираните сметаат дека, и покрај војната на Украина со Русија, Полска би требало пред сè да води сметка за сопствените интереси.

Повеќето Полјаци ја поддржуваат материјалната помош во храна и облека, но бројот на нејзините поддржувачи е намален од 79 на 62 отсто. Само 7 отсто анкетирани имаат многу позитивна оценка за украинскиот претседател Володимир Зеленски, а 18 отсто се категорично негативни.

Во моментов само 17 отсто од Полјаците се согласуваат да прифатат бегалци од Украина со можност за преселување (пред повеќе од една година така мислеле 37 отсто), а 61 отсто сакаат тие да се вратат во Украина по војната.

Повеќето Полјаци, дури 95 отсто, сметаат дека Полска треба да ја намали исплатата на помош на украинските бегалци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ