вторник, 22 октомври 2024
Извештај на ДЗР

На Онкологија не се внесувале податоци за вредноста на лековите примени преку донации

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и издавањето на лековите од аптека до организационите единици се врши со задоцнување. Исто така, не се внесуваат податоци за вредноста на лековите примени преку донации, што влијае на целосноста на податоците во Билансот на состојба“, соопшти ДЗР.

Во текот на 2023 година Клиниката, како што се додава во соопштението, примила лекови во вредност од 33 милиони денари по основ на донации, но овие податоци не биле внесени во финансиската евиденција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ