вторник, 26 ноември 2024
„Рајот стана воена зона за миг“

На Хаваи загинати најмалку 55 лица, стотици исчезнати

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку три големи пожари избувнаа во вторникот вечерта на Мауи, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба.

Најмалку 55 лица загинаа, многу повеќе се здобија со изгореници, вдишување чад и други повреди. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа.

Началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер, рече дека голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати, но тешко е да се каже точно колку, делумно поради телекомуникациските проблеми.

Гувернерот на Хаваите, Џош Грин изјави дека речиси сите згради ќе треба да се обноват, што ќе чини милијарди долари и ги повика хотелите да сместат илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата.

Поставени се најмалку шест засолништа, а речиси 30.000 туристи се евакуирани, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на туристичките власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ