вторник, 22 октомври 2024

На грчки екипаж на јахта му се закануваат 20 години затвор поради предизвикување пожар на островот Хидра

Во кривична постапка во Пиреја обвинети се 13 грчки членови на екипаж на јахта, од која со пукање огномет била запалена шума на островот Хидра, во Аргосаронскиот залив на Егејското Море, меѓу Атина и Пелопонез во петокот навечер.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првично приведените и осомничени туристи од Казахстан, кои ја изнајмиле јахтата за одмор, се ослободени, јавува грчката РТВ СКАИ.

Јахтата е запленета и донесена на брегот во близина на Атина и ќе биде одземена од сопственикот.

Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас денеска соопшти дека врз основа на новиот Кривичен закон казната за предизвикување пожар што доведува до еколошко уништување може да биде затвор од 10 до 20 години.

Во пожарот изгореле 30 хектари високо запалива борова шума каде паднале ракетите од огнометот. Истиот бил изгаснат во саботата со распоредување на шест противпожарни авиони и два одреди копнени пожарникари, кои биле повлечени од гаснење на други пожари во Грција, рече министерот.

Сајтот за вести Прототема пишува дека кога членовите на екипажот на јахтата сфатиле што направиле, се обиделе сами да го изгаснат пожарот во шумата, а кога тоа не успеало, ја известиле Противпожарната служба и отпловиле.

Капетанот на друг брод што пловел таму ја слушнал бучавата и видел блесоци од огномет, што го пријавил во Капетанијата на пристаништето Хидра, а со помош на сателитско следење на патеката на бродот, пронајдена е изнајмената јахта „Персефони“, чиј екипаж бил уапсен, заедно со казахстанските туристи.

Хидра е една од главните туристички дестинации за богатата клиентела во Грција, особено за наутичкиот туризам. Името го добила затоа што има невообичаено голем број извори на вода и е многу пошумена. За да се зачува строго заштитената природа, на тој остров нема моторни возила. Плажите на островот се меѓу светски познатите плажи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ