среда, 23 октомври 2024

На граничниот премин Ќафасан пуштен во употреба концептот на една гранична контрола

Објавено на

часот

Сподели

Воспоставениот едношалтерски систем за заеднички контроли на македонска и албанска страна, според премиерите на двете држави, ќе значи олеснување на трговијата транспортот и протокот на патници.

„Со ова се олеснува работата на 11 илјади компании од нашата држава, кои се ориентирани кон извоз и трговија со други држави. На овој начин означуваме полесен пристап до пристаништата и до туристичките места во Албанија, меѓутоа и до туристичките места во Северна Македонија. Најубавите се тука, токму на неколку километри од овој граничен премин“, рече Ковачевски.

Тој уште еднаш го повтори ставот дека на Балканот не му требаат граници и оти соработката со Албанија и Србија е на исклучително високо ниво. Со отпочнување на иницијативата Отворен Балкан, нагласи, дека трговската размена со Албанија е зголемена за 40 отсто, додека со Србија за 50 проценти, што според него, е бенефит, и е од интерес и на граѓаните и на компаниите.

„Ние не застануваме тука. Она на што веќе се работи е комплетно нов Коридор 8 во двете држави. Тоа е нешто што во нарендите пет години ќе стане реалност. Ако карактериситка на инфраструктурата меѓу Северна Макеоднија и Алабанија беше дека не постоела, сега за пет години ќе имаме најдобра инфраструктура на Балканот. коридорот 8 успеавме да го ставиме на мапата на транс европските коридори и работиме на проекти за изградба на железничка пруга меѓу Северна Македонија и Албанија, односно од Кичево до Лин. Тоа ќе овозможи и реализација на она што веќе сме го договориле, а тоа е на пристаништето во Драч да има и суво пристаниште во Струга, што ќе има огромни позитивни ефекти врз компаниите во Македонија“, истакна Ковачевски.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ