петок, 25 октомври 2024

На ГП Блаце косовски државјанин понудил поткуп

Вчера на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С. (45) од Косово поради сомневање дека се обидел да даде поткуп. Шофер на автобус со косовски регистерски таблички не поседувал сертификат за професионален возач, а тоа значи дека автобусот не можел да влезе во Македонија. На граничниот премин пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, и побарал автобусот да биде пропуштен.

Објавено на

часот

Сподели

Тој понудил пари на сменоводителот, по што бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ