вторник, 5 ноември 2024

На годишнината од убиството на Кенеди, Бајден ги повика Американците да се обединат

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Кенеди го смени начинот на кој се гледаме себеси, држава полна со младешка надеж и амбиции, искалена од искусната сила на народот што надминал голема загуба претворајќи ја болката во непопустлива цел“, рече Бајден.

Тој ги повика Американците да ја земат историјата во свои раце и никогаш да не престанат да се стремат да создадат држава што е во согласност со нивните највисоки идеали.

Бајден рече дека смртта на Кенеди „разбудила една генерација“ да ја согледа важноста на граѓанските права, вклучително и пристап до глас и еднакви плати.

Претседателот ги повика Американците да запомнат дека настанот не е само „трагедија, туку и повик за акција за секој да направи што може за својата земја“.

Кенеди беше убиен во 1963 година во Далас, Тексас. Осомничен за атентатот беше Ли Харви Освалд, кој два дена подоцна во полициската станица беше убиен од Џек Руби.

Годишнината доаѓа во необичен момент за семејството Кенеди. Тоа е момент кога мисијата на семејството да го одржи наследството на јавните служби и високите идеали се бори за внимание со претседателската кандидатура на Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Влегувањето на Роберт Кенеди Џуниор во претседателската трка во САД ќе додаде непредвидливост на претседателските избори следната година, а анкетите покажуваат дека тој би можел да земе гласови и од претседателот Џозеф Бајден и од Доналд Трамп.

Говорејќи пред толпата поддржувачи пред Националниот уставен центар во Филаделфија во понеделникот, на 9 октомври, Кенеди (исто така познат како РФК) рече дека претставува „популистичко движење што ѝ пркоси на поделбата лево-десно“.

„Демократите се плашат дека ќе му ги расипам изборите на претседателот Бајден, а републиканците се плашат дека ќе му ги расипам на Трамп“, рече тој.

„Вистината е дека и двајцата се во право. Мојата намера е да им ги расипам на обајцата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ