среда, 4 декември 2024

Град Скопје апелира до Совет на град Скопје да се стави на разгледување барањето на приватните превозници

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците, со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

„ По вчерашната прес-конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје“, се наведува во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму посочуваат дека приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револтот за неразгледување на нивната иницијатива за која може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје.

„ Тие имаат доставено барање до претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски пред неколку месеци, кое според Деловникот за работа на Советот на град Скопје требаше да биде ставена на разгледување пред советниците во Советот веднаш, без одлагање. За жал, тактиката на мнозинството во Советот да се креира незадоволство и да се предизвика хаос за граѓаните на градот Скопје, преку спречување набавка на нови еколошки автобуси и обидот за девастирање на јавниот превоз со неисплаќање на долгот кон ЈСП од 8 милиони евра, кој го има Владата за превоз на студентите и студентскиот стандард“, се наведува во соопштението од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ