сабота, 20 јули 2024

На 30 јули ќе почне судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

На 30 јули ќе почне судењето против обвинетите за двојното свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

За двојното убиство како соизвршители обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет за помагање.

АКМИС системот за овој судски процес го исфрли името на судијата Ивица Стефановски, претходно познат како судија кој постапуваше во случајот Монструм. Според обвинението целта на обвинетите им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

Истражната постапка за Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за двојното убиство, продолжува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ