петок, 18 октомври 2024

Н1: Водечките земји од Западот развиваат сценарија како би изгледала Република Српска без Додик

Објавено на

часот

Сподели

„Шмит има целосна поддршка од Западот да го засили притисокот врз Додик за да му биде јасно дека ќе биде отстранет од политичкиот живот, а единствениот начин тоа да не се случи е претседателот на Република Српска и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) е итно да го прекине антидржавното дејствување“, наведува Н1, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори од меѓународните кругови.

Дипломатски извори блиски до западните сили кажале за 1 дека Соединетите Американски Држави, Британија, Германија, Франција и Италија го губат трпението, а дека сега првпат се единствени во ставот дека Додик ја преминал црвената линија и дека неговите антиуставни потези не можат да поминат неказнето, бидејќи тој со своето неразумно и опасно дејствување го загрозува мирот и дејтонската структура на Босна и Херцеговина.

Понатаму се наведува дека официјални Вашингтон, Лондон, Берлин, Париз и Рим, чии претставници заедно дејствуваат како Квинта, се свесни дека претходно донесените американски и британски санкции против Додик не ги сопреле неговите „обиди за уривање на државата“ и дека мора да се премине во нова фаза на подиректно дејствување со цел зачувување на територијалниот интегритет и уставот на БиХ, иако официјален Брисел сè уште се двоуми и нема јасен став.

„Европската Унија, за разлика од САД и Британија, не му воведе санкции на Додик поради внатрешни несогласувања, а меѓу бриселските бирократи преовладува мислењето дека секој нова одлука на високиот претставник ја оддалечува Босна и Херцеговина од членство во Европската Унија“, се наведува во текстот.

Иако Турција, како претставничка на Организацијата на исламската конференција во Советот за примена на мирот во БиХ, ги поддржува последните одлуки на високиот претставник на меѓународната заедница, не е јасно каков е ставот на Турција кон смена на Додик, се истакнува.

Од друга страна, Русија го прекина учеството во работата на Советот за примена на мирот, не го признава Кристијан Шмит како висок претставник во БиХ, но ги поддржува сите одлуки на Народното собрание на РС, вклучувајќи ја и последната за неприменување на одлуките на уставниот суд на БиХ на територијата на Република Српска.

Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит во саботата наметна нови одлуки со кои ги поништи законите за необјавување на одлуките на уставниот суд на просторот на РС и необјавување на неговите одлуки во Службениот весник на РС.

Ги измени и одредбите на кривичниот закон, според кои неспроведување на неговите одлуки е кривично дело, за што следува казна затвор од шест месеци до пет години, како и можност за смена од функцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ