недела, 27 октомври 2024

МВР уапси двајца охридски дилери на дрога

Вчера вечер на булеварот Туристичка во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ.З. и Ж.Р., двајцата од Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Приведените биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума на пари.

„Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја“, информираа од МВР.

м

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ