недела, 24 ноември 2024

МВР: Тројца загинати и петмина повредени во несреќата на автопатот Скопје – Велес

По информацијата на АМСМ за сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, во 17.45 денеска, МВР потврди дека тројца патници загинале, а петмина се префрлени в болница, откако се превртело комби.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комби. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На местото на настанот се упатени полициски екипи и јавен обвинител”, велат од МВР.

На местото на несреќата први укажале помош две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на местото на настанот на тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ