вторник, 22 октомври 2024

МВР соборува рекорди, казнети 921 возач за брзо возење

МВР соопшти дека за време на радарските контроли на улиците и патиштата сообраќајната полиција за брзо возење казни 921 возач.

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите возачи, 37 возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ