петок, 25 октомври 2024

МВР поднесе кривична пријава против свои вработени, чувале во фиока предмет против колега

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека по негова иницијатива до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е поднесена кривична пријава против членови на дисциплинска комисија во СВР Струмица. Станува збор за главниот инспектор за разузнавање во ОКРА при СВР Струмица, командирот во полициската станица од ОН Радовиш и за помошник началникот во СВР Струмица. Како што напиша Тошковски на фејсбук, тројцата се осомничени дека како членовите на комисијата дозволиле да застари дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица кој бил фатен во кражба на атрефакти од културно наследство.

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, од страна на МВР до ОЈО ГОК поднесена е кривична пријава против полицаецот за кривично дело злосторничко здружување и присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа од страна на ОВККИПС на 24 декември 2022 година бил доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. На 15 јануари 2024 година комисијата одржала расправа и притоа таа му предложила на министерот да донесе решение за утврдување дисциплинска мерка, парична казна. Имајќи предвид дека согласно закон министерот е должен решението да го донесе во рок од 12 месеци од приемот на одобрението од јавниот обвинител, истиот рок истекол на 21 декември 2023 година со што членовите на комисијата сториле кршење на Дисциплинскиот договор на МВР“, напиша Тошковски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ