понеделник, 21 октомври 2024

МВР ја објави меѓународната потерница по Исмет Гури

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница по Исмет Гури, поранешен заменик директор на УЈП и функционер на ДУИ. Претходно судот го ослободи Гури од издржување на затворската казна и времено му ја замени со домашен притвор поради примање редовна терапија за здравствените проблеми што ги имал.

Објавено на

часот

Сподели

Гури беше во куќен притвор, по што Јавното обвинителство поднело жалба и Кривичниот совет на Основен кривичен суд Скопје донел решение за замена на куќниот притвор со активен притвор. Тој на 5 јануари не бил пронајден во својот дом од страна на полициските службеници каде бил сместен во куќен притвор. Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.

Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ