вторник, 22 октомври 2024

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измамата што се шири во име на полицијата и ЕВРОПОЛ

Засега непознати сторители повикувале граѓани и фирми за наводна истрага што ја воделе МВР и ЕВРОПОЛ, информира МВРи апелира до граѓаните да не наседнуваат на измамата и веднаш да пријават ако добијат било какви сомнителни пораки.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

„Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, се наведува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ