Мурињо синоќа го загуби своето прво европско финале откако Рома на пенали беше поразена од Севиља.
Брзо откако го доби сребрениот медал, Мурињо му го даде на едно момче во публиката.
„Златните медали ги чувам, но сребрените не ги собирам, не ги сакам и секогаш ги подарувам. Така беше и сега“, рече Мурињо.
Португалецот често знае да го прави тоа, а во минатото дури и златни медали подарувал во публиката, без разлика што вели дека нив ги чува.
José Mourinho gave his runner-up medal to a fan in the crowd pic.twitter.com/fYpljbAQ7c
— Fútbol (@El_Futbolesque) May 31, 2023