четврток, 28 ноември 2024

Мурињо по поразот од Галатасарај им се заканил на фудбалерите со заминување

Фенербахче претрпе тежок пораз од Галатасарај (1-3) во големото турско дерби. Тоа беше прв голем меч на Жозе Мурињо на клупата на Фенер, а мина неславно бидејќи шампионот одигра перфектен натпревар и победи.

Објавено на

часот

Сподели

По натпреварот, португалскиот стратег бил бесен на своите фудбалери. Тој ги заклучил во соблекувалната и им ги укажал сите грешки.

Покрај тоа, според зборовите на новинарот Серчан Хамзаоглу, Мурињо се заканил дека ако уште еднаш се повтори ваква лоша партија – тој ќе си оди!

„Мурињо го собра тимот и ја заклучи соблекувалната. Пред големиот екран им ги објаснуваше грешките на фудбалерите, а потоа кажа: Дојдов тука да бидам шампион. Ако повторно видам ваков натпревар, ќе го напуштам клубот“, откри Хамзаоглу.

Фенербахче десет години чека на титула во турскиот шампионат, а се надеваат дека со Жозе Мурињо на клупата ќе се вратат на шампионскиот подиум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ