сабота, 19 октомври 2024
Реакција од градоначалникот

Муцунски: По насоки од ДУИ Владата ги блокира проектите на Општина Аеродром

ДУИ со министрите од партијата го кочат процесот на разгледување и одобрување на „Зелената обврзница“ која Општина Аеродром треба да ја издаде за да може да се финансираат капитални проекти како што се нови детски градинки, нови училишта и реконструкцијата на плоштадот во Аеродром.Ова во утринското гостување на Сител ТВ го рече градоначалникот Муцунски кој истакна дека Општина Аеродром потрошила скоро една година за изработка на проекти за новите училишта и детски градинки и за подготовка на документацијата на „Зелената обврзница“ која повеќе од четири месеци од политички причини, чека да дојде на ред за да биде разгледана и одобрена на седница на владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Проектите се изработени и детските градинки и училишта може уште утре да почнат да се градат и тоа го направивме со сопствени средства, исто како што враќањето на средствата за зелената обврзница, инструмент што се користи насекаде низ светот ќе биде направено со средства на Општина Аеродром“, рече Муцунски и додаде дека според информациите со кои тој располага дека поради притисок од министрите на ДУИ, премиерот Ковачевски добил насока да се блокираат сите проекти во Општина Аеродром.

Муцунски нагласи дека сепак овие проекти со сигурност ќе бидат започнати и завршени по доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт, но и дека ќе бидат со една година задоцнување. Градоначалникот истакна дека во меѓувреме вината за недостатокот на места во детските градинки треба да се бараат во Владата и политичките партии кои се дел од истата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ