вторник, 22 октомври 2024

Mуцунски и Вархеjи разговарале за можностите за отворање на преговори со ЕУ

Новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е денеска во Лускембург на средба на шефови на дипломатии, имал средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи. Еврокомесарот на платформата Х напиша декана средбата разговарале „за важноста на реформската агенда и следните чекори поврзани со фазата на отворање на пристапните преговори“.

Објавено на

часот

Сподели

Новата влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции и ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес, кажал Муцунски на средбата.

Муцунски на Фејсбук објави дека на средбата со Вархеjи нагласил и дека политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина.

„На средбата разменивме мислења и за Планот за раст на ЕУ, оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство, наведува Муцункци, кој денеска во Луксембург учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западен Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ