„Наводите дека децата се гладни и без храна до сега родителите можеле да ги пријават до нашето министерство, но од редовен инспекциски надзор во установата извршен од страна на инспектори оваа година и увид во листите на јадења и дневното мени констатирано е дека исхраната на децата е согласно пропишаните стандарди и нормативи.
За детето кое беше повредено со ‘лажица’ извршен е инспекциски надзор и донесено е соодветно решение од страна на инспектори при МТСП, а понатамошниот тек за утврдување на вина на воспитувачката е во рамките на инститициите на системот.
На крајот ги информираме родителите дека основачот на предучилишната установа односно општината, мора да ги почитува одредбите од Законот за заштита на децата. Во спротивно следат соодветни реперкусии за истиот. Ве уверуваме дека вашите деца се безбедни и згрижувањето и воспитанието се одвива непречено, согласно закон и подзаконски акти, што е цел и заложба како наша така и ваша како родители“, велат од министерството.