вторник, 22 октомври 2024

„Мртва“ жена тропнала по ковчегот среде бдеењето, покрената истрага во Еквадор

Објавено на

часот

Сподели

„Сите се извадивме од памет“, изјави нејзиниот син Гилберто Барбера за Асошиетед прес, додавајќи дека лекарите велат дека здравствената ситуација на неговата мајка и понатаму е комплицирана.

Пензионираната медицинска сестра Бела Монтоја била примена во болница во петокот откако веројатно доживеала мозочен удар и кардиопулмонален застој. Кога не реагирала на реанимацијата, дежурниот лекар констатирал смрт, соопшти еквадорското Министерство за здравство.

Барбера рекол дека неговата мајка била во несвест кога ја донеле во итната медицинска помош и дека неколку часа подоцна лекарот го известил дека е мртва и му ги предал личните документи и посмртницата, пренесува Гардијан.

Семејството потоа ја одвело во погребно претпријатие и организирало бдеење подоцна истиот ден. И тогаш почнале да слушаат чудни звуци.

„Таму нѐ имаше дваесетина. Околу пет часа откако беше прогласена за мртва, од ковчегот почнаа да се слушаат чудни звуци. Мајка ми беше замотана во чаршафи и удираше по капакот, а кога се приближивме, видовме дека тешко дише“, рекол Барбера.

Роднините итно ја вратиле Монтоја во болницата во централниот град Бабахојо, рече Барбера, а министерот за здравство рече дека сега е на интензивна нега. Таа е интубирана и лекарите не даваат голема надеж со прогнозите за неа, рече Барбера.

Министерството соопшти дека ги истражува неименуваните лекари вклучени во нејзиниот случај, а бил формиран технички комитет за да разгледа како болницата ги издава посмртниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ