недела, 9 март 2025

МПЦ го пријави во полиција сквернавењето на манастирот Пресвета Богородица во Матејче

Завчера во полициското одделение во Матејче, од страна на Кумановско-осоговската епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот Успение на Пресвета Богородица  во село Матејче, општина Липково,  кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде било извршено копање на подот, информираше денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква. Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ