петок, 22 ноември 2024
Изјава на премиерот

Може и во кафуле да имам средба со Мицкоски, вели Ковачевски

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека заменик претседателот на СДСМ (Сања Лукаревска, н.з.) преговара со потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на негова средцба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски. Нема ништо тајно, нагласува, средбата ќе биде на јавен простор, тоа може да биде и кафуле, рече Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас не гледам дека има потреба да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде средба која ќе се случи во јавен простор – дали во Клуб на пратеници, во Собрание, во некое кафуле на улица Македонија, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека тој нема да прифати никакви тајни средби со него.

Ковачевски рече дека уште не е договорено кога ќе се случи средбата со Мицкоски, нагласувајќи дека имаат комуникација на партиско ниво.

„Ќе видиме кога ќе договориме средба. Ние имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменичка-претседателка на СДСМ’“, рече Ковачевски.

Во врска со најавите од албанската опозиција за блокада на Собранието доколку не се избере нивен член на Државната изборна комисија, Ковачевски потенцира дека тие разговорите треба да се водат во Собранието за оваа прашање.

„Ќе мора да ги водат разговорите во Собранието. Инаку, не е ништо ново. На волја на вистината, македонската опозиција го блокира веќе четири години. Се надевам дека до крајот на мандатот нема да има повеќе блокади. Во државата има закони“, рече тој.

Околу тоа дали разговараат со ДУИ за формирањето на „Европски фронт“, премиерот истакна дека уште не разговарале поради, како што рече, новогодишни празници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ