„Денеска во 00:38 часот, на крстосницата од улиците Хасан Приштина и Медат Цами во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген туарег со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од село Беловиште, гостиварско и мотоцикл хамачи со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Увид извршила увидна екипа од Оодделението за внатрешни работи Дебар.