вторник, 22 октомври 2024

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Дебар

Во сообраќајна несреќа што се  случила утрово по полноќ во Дебар, со тешки телесни повреди се здобило момче, кое управувало моторцикл.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска  во 00:38 часот, на крстосницата од улиците Хасан Приштина и Медат Цами во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген туарег со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од село Беловиште, гостиварско и мотоцикл хамачи со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Увид извршила увидна екипа од Оодделението за внатрешни работи Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ