четврток, 31 октомври 2024

Москва: Западот патолошки се обидува да нѐ оцрни

Објавено на

часот

Сподели

Во првата изјава за нуклеарното разоружување, објавена на самитот минатата недела, Г7 ги повика Русија и Кина да бидат потранспарентни во однос на нивниот нуклеарен арсенал, слично на чекорите што ги преземаат САД, Велика Британија и Франција.

Коментирајќи го документот, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, задолжен за прашањата за контрола на оружјето во Министерството, рече дека изјавата одразува антируски и антикинески тон.

„Се добива впечаток дека западната реторика за големината на нивните нуклеарни арсенали има само една цел – да ги подложи Русија и Кина на воено-политички притисок“, рече Рјабков во коментар објавени на веб-страницата на Министерството.

„Зад него очигледно стои патолошка желба да се оцрнат нашите земји“, додаде тој.

Кина и Русија остро одговорија на самитот на Г7 и на изјавите што ги повикуваа двете земји за низа прашања. Москва го нарече самитот „инкубатор“ на антируска и антикинеска хистерија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се обврзаа на „безгранично“ партнерство непосредно пред почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година и оттогаш ги зајакнаа економските, политичките и воените врски. Продолжувајќи ги заемните билатерални посети, рускиот премиер Михаил Мишустин доцна во понеделникот навечер допатува во Кина на разговори со кинески официјални претставници и бизнисмени, што предизвика дополнителна вознемиреност на Западот поради односите меѓу двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ