сабота, 19 октомври 2024

Москва: Заклучокот за Украина од Саудиска Арабија е бесмислен ултиматум за Русија

Објавено на

часот

Сподели

Таа, по повод состанокот во Џеда, во Саудиска Арабија, за украинскиот конфликт, кажа дека Русија е сигурна дека сеопфатно, одржливо и праведно решение на кризата е можно само ако киевскиот режим ги сопре непријателствата и терористичките напади, а западните спонзори престанат да ја пумпаат Украина со оружје.

„Мора да се потврдат првичните темели на суверенитетот на Украина – нејзиниот неутрален, вонблоковски и ненуклеарен статус“, истакна Захарова.

Русија очекува земјите од БРИКС кои учествуваа во консултациите за Украина во Џеда да ја известат Москва за напредокот на преговорите, ниедна од точките на „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски не е насочена кон наоѓање дипломатско решение за кризата, наведе таа.

„Руското министерство за надворешни работи ја прими информацијата за консултациите за украинската криза. Во нив учествуваа наши истомисленици од БРИКС и други партнери. Очекуваме, во согласност со договорите, со нас да ги споделат своите оценки. Ние го потврдуваме нашиот став за таканаречената формула за мир на Зеленски, која киевскиот режим и Западот се обидуваат да ја протуркаат на ваквите средби“, кажа Захарова.

Таа истакна дека ниедна од 10 точки на „формулата за мир“ на Зеленски не е насочена кон наоѓање преговарачко и дипломатско решение на кризата, дека претставува бесмислен ултиматум кон Русија, чија цел е да ги продолжи непријателствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ