сабота, 19 октомври 2024

Москва: Договорот на Белград и Приштина мора да помине низ Советот за безбедност и да биде во интерес на Србите

Објавено на

часот

Сподели

„Договорот мора да биде во интерес на Белград и Србите и мора да го поддржи Советот за безбедност на ОН“, порача Небензја.

Тој наведе дека „ситуацијата на Косово и Метохија е алармантна“ и дека во претходните месеци е доведена „на раб на нов конфликт“.

„Приштина со помош на Западот се обидува да ја преземе контролата над српските средини, за чии права, како што се чини, никој не води сметка. На тој начин се создава чисто албанска средина“, кажа Небензја, повторувајќи ги податоците за спориот и незадоволителен број српски и останати неалбански повратници на Косово.

Зборувајќи за формирањето на Заедницата на српски општини, Небензја кажа дека Приштина е целосно незаинтересирана за спроведување на тој договор, како и дека се обидува да го сведе на ниво на невладина организација.

„Приштина не е заинтересирана за нормализација на односите, затоа (косовскиот премиер) Аљбин Курти инсистира ЗСО да се формира во согласност со косовскиот устав и без извршни овластувања“, порача рускиот дипломат.

Истакна дека косовските Албанци се обидуваат да променат нешто што е веќе договорено, и дека сакаат ЗСО да ја претворат во некој вид невладина организација. „Тоа мора да се одбие“, порача Небензја.

Тој истакна дека оптимизмот во извештајот на Унмик е „пренапумпан“ бидејќи Приштина, набрзо потоа, со одржувањето на локалните избори на северот на Косово без Србите, повторно ги крена тензиите.

На тој начин, според него, е стишен гласот на Србите од северот на Косово и продолжен процесот на узурпација на територијата, кажа Небензја и истакна дека Белград се согласил на продолжување на дијалогот со Приштина, но со почитување на неговите црвени линии.

Од доаѓањето на Курти има повеќе од 300 етнички мотивирани инциденти без соодветен судски епилог, кажа рускиот амбасадор, обвинувајќи го Западот дека „земјите од Балканот ги турка во скутот на својот економски и воен блок“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ