„На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова.
Таа денеска имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија.