петок, 18 октомври 2024

Moнтажата на документарните филмови тематски фокус на викенд изданието на „Македокс“

Објавено на

часот

Сподели

Од „Македокс“ велат дека викендот е резервиран и за мастеркласовите на Мила Турајлиќ и Владимир Гојун. На програмата во Куршумли-ан на 20 август ќе биде прикажан документарниот диптих „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ на Мила Турајлиќ, додека на мастеркласот претходно таа ќе зборува за процесот на монтажа, кој во случајот со овие два филма траел цели три години. Тематски наслов на мастеркласот е „Верба во процесот: Режисер(к)ите во собата за монтажа“. Разговорот ќе го води францускиот продуцент Виктор Еде.

Како што информираат организаторите, мастеркласот на хрватскиот монтажер Владимир Гојун ќе биде фокусиран на повеќе прашања што се отвораат на монтажерската маса, а целта е да се открие процесот на разбирање на можностите што ги носи видеоматеријалот за креација на документарниот филм.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), може да се симне и фестивалската апликација, а и билетите може да се купат онлајн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ