недела, 24 ноември 2024

МОН ќе тестира ученици, наставници, родители по природни науки за да види до каде сме во светски рамки

Објавено на

часот

Сподели

Со учеството во меѓународните студии на мерење на постигањата на учениците се добиваат бројни податоци за образовните системи, наставните програми, наставниот процес, постигањата на учениците, работата на наставниците, како и споредување на постигањата на учениците на меѓународно ниво, како исклучително важен фактор за понатамошното креирање на образовните политики со кои Министерството за образование и наука ќе обезбеди поквалитетно образование за сегашните и идни генерации ученици.

“Исклучително важно е да учествува во меѓународни тестирања во областа на образованието, преку кои се проверуваат постигнувањата на учениците, нивото на нивното знаење споредено со знаењето на врсниците од други земји, се проверува подготвеноста за справување со предизвици и реални ситуации од секојдневието, се компарира начинот на организирање на наставата во различни земји и дома. Посакуваме процесот да помине во најдобар ред, резултатите на учениците да бидат подобри од претходните циклуси на мерење и истите да бидат добра основа за носење на следни одлуки во креирање на политики во образованието”, велат од Министерството за образование и наука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ