недела, 24 ноември 2024

МОН ќе финансира меѓународни натпревари по природни науки

Објавено на

часот

Сподели

Барања на јавниот повик може да поднесат акредитирани здруженија на наставници за организирање на натпреварите на ученици од основните училишта од страна на Министерството за образование и наука.

„Министерството за образование и наука за 2023 година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки за најмногу шест ученици и најмногу три ментори, чиј број зависи од правилата на организаторите на меѓународниот натпревар, како и во согласност со расположивите средства во буџетот на Министерството за образование и наука“, наведува МОН во објавениот повик.

Оттаму прецизираат дека под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата меѓу учениците од различните држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат на меѓународниот натпревар.

Јавниот повик е отворен до 31 октомври годинава. Во него се наведени документите што се потребни за пријавување и информации за начинот на аплицирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ