петок, 29 ноември 2024

МОН и УНИЦЕФ ќе работат на подигнување на безбедноста во училиштата и намалување на врсничкото насилство

Објавено на

часот

Сподели

Резултат од средбата на која присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани е постигнатата согласност за заедничка координација и искористување на расположливите ресурси во облик на прирачници и обучен кадар при креирање на краткорочни и среднорочни активности за враќање на довербата и чувството на безбедност во училиштата.

Шаќири ги информираше присутните дека МОН спроведува активности за поттикнување на отворен разговор и вклучување на што повеќе чинители кои ќе дадат придонес во креирањето позитивна клима во училиштата. Тој изрази благодарност до УНИЦЕФ за досегашното партнерство и за поддршката која ќе следи во наредниот период, а особено за учеството во спроведување на обуките за стручните служби во сите училишта, за родителите и учениците, сè со единствена цел учениците и вработените во училиштата да се чувствуваат сигурни и безбедни во образовните институции.

Околу 700 стручни соработници – професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта – во текот на 2022 и 2023 година беа обучени за новата Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини, и тие се дел од заедниците за размена и колегијална поддршка, информираат од МОН. 

„Оваа мрежа на стручни соработници, всушност ќе преземе водечка улога на ниво на училиште во спроведување на активностите за унапредување на социо-емоционални компетенции и зајакнување на психолошката отпорност кај учениците и возрасните“, посочуваат од МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ