„Сообраќајката се случила меѓу товарно возило волво со кавадаречки таблички, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило рено 5 со прилепски таблички управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило рено меган со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.
Возачот на товарното возило и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп“, соопшти денеска МВР.