сабота, 30 ноември 2024

Модриќ и Ловрен се обвинети за лажно сведочење, може да добијат долги затворски казни

Објавено на

часот

Сподели

Општинскиот суд во Осјек, поднесе обвинителен акт против славните хрватски фудбалери Лука Модриќ и Дејан Ловрен. Тие се обвинети дека дале лажни изјави во случајот против поранешните челници на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, Зоран Мамиќ и Дамир Врбановиќ.

Во текот на истрагата Модриќ и Ловрен ги сменија изјавите. А за време на сведочењето најчестите одговори на Модриќ биле: „Не се сеќавам“ и „Не се сеќавам точно“. На новинарско прашање зошто го сменил сведочењето, Модриќ рекол: „Ништо не сменив. Мислев дека се работи за поделба на пари меѓу мене и Мамиќ, а не со Динамо. Се извинувам, веројатно згрешив“.

Ловрен пак рече дека не бил во состојба да сведочи трезвено поради операција на ќерката, па не знаел што зборува во истрагата.

„Ќерка ми беше оперирана тој ден. Јас сведочев шест часа и не се однесуваа добро со мене во УСКОК“, рече Ловрен.

Ако хрватските ѕвезди бидат прогласени за виновни, може неколку години да поминат во затвор. Казната за давање на лажни изјави е од шест месеци до пет години затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ